25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците трошат ¼ од својот приход на кирија

Германците трошат ¼ од својот приход на кирија

Повеќе од една четвртина од приходот, 27,8%, плаќа просечното домаќинство во Германија за месечна кирија.

Домаќинствата кои го изнајмиле својот дом во 2019-та година или подоцна треба да потрошат 29,5 отсто од својот приход за домување, покажуваат новите податоци на Федералното биро за статистика. Според статистичките податоци, бруто ладната кирија (без греење) по квадратен метар во 2022-ра година била во просек 8,70 евра низ целата земја, во големите градови била значително повисока – 9,60 евра.

Заводот за статистика ги оцени првите микропописни резултати за состојбата со домувањето во 2022-ра година. Според нив, во Германија има околу 19,9 милиони домаќинства се изнајмувачи. Од нив, 6,6 милиони се вселиле во нивниот дом во 2019-та година или подоцна, а 2,7 милиони домаќинства го потпишале својот закуп пред 1999-та година.

Според истражувањето, 1,5 милиони домаќинства плаќаат половина од приходите или уште повеќе, а учеството е меѓу 40 и 50% од приходот за околу 1,6 милиони домаќинства.

„Тварот на кириите, особено за домаќинствата со ниски приходи и во големите градови, е драматичен“, изјави за „n-tv“ Себастиен Дулиен, директор на Институтот за макроекономска политика (ИМК) при Фондацијата „Hans Böckler“. Загрижувачки е што во последниве години, учеството на приходите што мора да се трошат за трошоците за домување е уште повеќе зголемено.

„Сегашните податоци од микро-пописот веројатно ја нагласуваат вистинската драма на недостигот на станови и високите кирии во урбаните агломерации“, објаснува Дулиен.

Исто така, микро-пописот не ги доловува добро случаите кога луѓето воопшто не можат да најдат нов дом бидејќи едноставно има премалку имоти. Особено оние со низок и среден приход честопати практично немаат шанси да најдат соодветно и достапно домување на тесните пазари за домување.

Дулиен очекува дека недостигот на станови ќе се влоши во наредните години. Поради зголемените цени на градежништвото и повисоките каматни стапки од Европската централна банка, изградбата на станови во моментов е во слободен пад. Во исто време, речиси еден милион повеќе луѓе живеат во Германија отколку што се очекуваше во 2023-та година пред кризата со коронавирусот, главно поради бегалците од Украина. Далиен ги повика федералните, провинциските и локалните власти „итно да започнат офанзива за повеќе јавни станови“.

Повеќе простор за живеење во селата

Разлики има и во станбената површина која во земјава во просек изнесува 55,5 метри квадратни по лице, па така брачна двојка без деца зафаќа 111 метри квадратни. Ова често не е случај во големите градови, каде што условите за живот се полоши, а станбената површина е помала.

Од друга страна, оние кои се преселуваат на село за да имаат повеќе простор со семејството и децата мора да предвидат повисоки трошоци за патување, како што се подолги патувања со автомобил. Од друга страна, оние на кои не им треба автомобил во градот поради добро развиениот систем на јавен превоз, во некои градови дури можат да живеат поевтино отколку на село.

Слободните плаќаат една третина за кирија, паровите плаќаат само една петтина

Изнајмувањето е особено тежок товар за домаќинствата со едно лице и за изнајмувачите во големите градови. И навистина – важен фактор е дали човекот живее сам или со други луѓе. На пример, товарот на киријата во домаќинствата со едно лице, кој изнесува 32,7% од расположливиот доход, е значително поголем отколку кај домаќинствата со две или три лица (22,8%). Само кај четири или повеќе лица товарот повторно се зголемува и во просек изнесува 23,4% од приходот на домаќинството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП