11 декември, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОвие намирници ги чистат запушените артерии и го намалуваат ризикот од атеросклероза

Овие намирници ги чистат запушените артерии и го намалуваат ризикот од атеросклероза

Артериите и крвните садови се одговорни за транспорт на крв богата со кислород од срцето до остатокот од телото. Здравите артерии се силни, флексибилни и еластични. Но, кога артериите се затнати, можна е појава на атеросклероза, која е една од главните причини за кардиоваскуларни заболувања. Симптомите на затнати артерии зависат од типот на артериите кои се зафатени.

Што предизвикува блокирани артерии?

Кога во внатрешниот ѕид на артеријата се собираат масни материи, холестерол, делови од мртви клетки и калциум, може да настане атеросклероза која може да предизвика оштетување и толку многу да ги истенчи ѕидовите на артериите што тие можат да пукаат.

Причините за атеросклероза може да бидат:

  • чад од тутун,
  • висок крвен притисок,
  • дијабетес тип 1 и 2,
  • отпорност на инсулин,
  • недостаток на движење,
  • дебелина,
  • хронични воспалителни процеси во телото,
  • инфекции,
  • артритис,
  • висок холестерол и масти во крвта,
  • стрес,
  • неправилна исхрана,
  • нерамнотежа на минерали и витамини во телото,
  • недостаток на магнезиум, влакна, антиоксиданси.

Храна која природно ги чисти артериите

Куркума

Куркумата го намалува ЛДЛ холестеролот и ги чисти насобраните наслаги во артериите. Уште во 2011 година, една студија докажа дека куркумата го намалува холестеролот и го потиснува раниот процес на атеросклероза подобро од некои лекови.

Лук

Лукот е уште една храна за чистење на артериите. Истражувањата покажаа дека лукот помага во спречување на срцеви заболувања, го намалува крвниот притисок, го намалува процесот на атеросклероза и го спречува создавањето наслаги во ѕидовите на артериите.

Ѓумбир

Ѓумбирот има антиинфламаторно и антиоксидативно дејство. Содржи состојки кои го штитат срцето и го спречуваат создавањето наслаги, ги чистат артериите и го намалуваат холестеролот.

Мелена лута пиперка

Капсаицинот, состојка која се наоѓа во лутите пиперки, помага во намалување на ЛДЛ холестеролот во крвта. Биберот го намалува ризикот од срцев удар и ја подобрува циркулацијата на крвта.

Лимон

Пиењето вода со лимон наутро веднаш штом ќе станете е добро за вашето срце. Лимонот го намалува нивото на холестерол и помага во зајакнувањето на артериите бидејќи е полн со витамин Ц, антиоксиданси и е одлична храна против воспаление.

Цимет

Циметот може да го намали ризикот од срцеви заболувања и атеросклероза. Во една студија од 2003 година во списанието Diabetes Care, докажано е дека користењето 1-6 грама цимет дневно ја намалува гликозата, триглицеридите и ЛДЛ холестеролот.

Ленено семе

Лененото семе помага за чистење на артериите. Богат е со алфа линолеинска киселина и омега 3 масни киселини, кои го намалуваат воспалението и крвниот притисок. Истражувањата покажаа дека умерената употреба на ленено семе е добра поддршка за намалување на атеросклероза. Кога користите ленено семе, задолжително сомелете ги, бидејќи на овој начин семките содржат повеќе омега-3 масни киселини.

Кисела зелка

Киселата зелка е една од најважните пробиотски намирници. Ги елиминира токсините и многу добро ја спречува атеросклерозата.

Сусам

Семето од сусам ги чистат артериите. Истражувањето во Journal of Medicinal Food од 2006 година докажува дека масните киселини од сусамот позитивно влијаат на холестеролот, триглицеридите и атеросклерозата.

Сок од калинка

Сокот од калинка е моќен антиоксиданс, ги намалува насобраните наслаги и ги чисти артериите. Сокот од калинка содржи магнезиум и селен, кои се многу важни за здравјето на срцето. Во студија од 2009 година, научниците тврдат дека доколку пациентите со ризик од коронарна срцева болест пијат 240 мл сок од калинка дневно во следните 18 месеци, постои можност да се забави развојот на болеста, пренесува Holistic.co.rs.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП