29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВработен во ЕУ ги чини работодавците 30 евра на час

Вработен во ЕУ ги чини работодавците 30 евра на час

Просечните трошоци за работна сила во целата економија во 2022 година се проценуваат на 30,5 евра на час во Европската унија и 34,3 евра во еврозоната, што е благ пораст во споредба со 2021 година кога тие беа 29 евра и 32,8 евра, покажуваат најновите податоци од Заводот за статистика на ЕУ (Евростат).

Има значителни разлики во овој параметар помеѓу земјите-членки на ЕУ, при што најниски трошоци за работна сила за час се забележани во Бугарија (8,2 евра) и Романија (9,5 евра), а највисоки во Луксембург (50,7 евра), Данска (46,8 евра) и Белгија ( 43,5 евра).

Еуростат потсетува дека вкупните трошоци за работна сила, односно вкупните трошоци направени од работодавачите при вработување на работници, се состојат од бенефиции за вработените (вклучувајќи плати и дневници и во натура, како и придонеси на работодавачот за социјално осигурување), трошоци за професионална обука и други трошоци како што се купување на работна облека и даноци, сето тоа намалено за добиените субвенции.

„Трошоците за час за работна сила во индустријата изнесуваат 30,7 евра во ЕУ и 36,6 евра во еврозоната и 27,3 и 30,8 евра во градежништвото. Во услужниот сектор трошоците биле 30,2 евра во ЕУ и 33,3 евра во еврозоната“, се вели во извештајот на Евростат.

Двете главни компоненти на трошоците за работна сила се платите и дневниците, како и трошоците како што се придонесите на работодавачот.

„Учеството на неплатни трошоци во вкупните трошоци за работна сила за целата економија беше 24,8 отсто во ЕУ и 25,5 отсто во еврозоната. Најниско учество на трошоците кои не се поврзани со плати е забележано во Литванија (5,4 отсто) и Романија (5,3 отсто), а највисоко во Франција (32 отсто), Шведска (31,9 отсто) и Италија (27,8 отсто).

Лани, трошоците за работна сила по час на ниво на целата економија, изразени во евра, се зголемени за пет отсто во ЕУ и за 4,7 отсто во еврозоната. Во рамките на еврозоната, трошоците се зголемени во сите земји-членки, а најголем раст од 13,3 отсто е забележан во Литванија. Следува Ирска со 9,3 отсто и Естонија со 9,1 отсто.

Во земјите надвор од еврозоната, цената на трудот по час се зголеми најмногу во Бугарија – повеќе од 15 проценти, потоа Унгарија – речиси 14 проценти, Романија (над 12 проценти) и Полска (близу 12 проценти). Најмал раст има Данска со нешто повеќе од два отсто.

„Во 2022 година, мнозинството земји-членки ги укинаа шемите за поддршка кои беа воведени во 2020 година и продолжени во 2021 година, воведени за да се ублажи влијанието на пандемијата на корона вирусот врз бизнисите и вработените. Тие главно се состоеја од краткорочни работни аранжмани и привремени отпуштања, кои беа целосно или делумно компензирани од државите. Тие шеми генерално се евидентираат како субвенции (или даночни олеснувања) со негативен предзнак во неплатната компонента на трошоците за работна сила“, објаснуваат од Еуростат.

Заклучокот е сосема јасен – постепеното укинување на субвенциите влијае на растот на трошоците за работна сила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП