29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина: САД упатуваат неразумни обвинувања а самите се одговорни за светскиот долг

Кина: САД упатуваат неразумни обвинувања а самите се одговорни за светскиот долг

Кина ги оцени како „неодговорни“ и „неразумни“ изјавите на американската министерка за финансии Џенет Јелен, која рече дека кредитните активности на Пекинг ги оставаат земјите во развој „заробени во долгови“.

Кинеската влада соопшти дека проблемите со долгот во светот се влошиле поради Вашингтон, односно зголемувањето на каматните стапки од страна на Федералните резерви на САД, што Пекинг го нарече „стапка без преседан“.

„Не прифаќаме неразумни обвинувања. САД треба да преземат практични активности за да им помогнат на земјите во развој, наместо да покажуваат со прст во други земји и да даваат неодговорни коментари“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, пренесува Танјуг.

Кредитирање на земјите во развој

Во обраќањето до американските конгресмени, Јелен претходно рече дека е „многу загрижена за некои од активностите на Кина на глобално ниво“ и дека Пекинг се ангажира во земјите „на начин што ги остава заробени во долгови и не промовира економски развој. “

Според неа, Вашингтон работи напорно за да се спротивстави на влијанието на Кина во меѓународните институции и на кредитирањето на земјите во развој.

Пекинг потрошил 240 милијарди долари на „заеми за спас“ на 22 земји во развој меѓу 2008 и 2021 година, а износот се зголемува во последниве години бидејќи се повеќе се мачело да ги отплати заемите потрошени за инфраструктура во рамките на Иницијативата „Појас и пат“, според неодамна објавената студија, наведува Ројтерс.

Кина преговара за реструктуирање на долгот со некои земји, вклучувајќи ги Замбија, Гана и Шри Ланка, и беше критикувана за забавување на целиот процес.

Како одговор, таа ги повика Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) исто така да понудат решенија за олеснување на долгот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП