24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната нето плата во Црна Гора е 771 евро

Просечната нето плата во Црна Гора е 771 евро

Просечната заработка Во Црна Гора, без даноци и придонеси во февруари, според податоците на Монстат, изнесува 771 евро и е за 1,8 отсто поголема од јануари. Просечната нето плата номинално пораснала за 9,2 отсто во однос на истиот период лани.

Во бруто износи просечната плата во Црна Гора била 958 евра, пренесува Мина.

„Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во февруари во однос на јануари бележат раст од 0,5 отсто, произлегува дека реалната заработка за истиот период бележи раст од 1,3 отсто“, се наведува во соопштението.

Во однос на јануари, просечните плати без даноци и придонеси во февруари најмногу пораснале во секторите информации и комуникации за 10,7 отсто, рударство и вадење камен за 10,6 отсто, државна управа и одбрана – задолжително социјално осигурување за 9,3 отсто, стручни, научни и технички дејности 5,7 отсто, како и административни и помошни услужни дејности 4,7 отсто.

Пад на нето заработката во февруари во однос на претходниот месец е забележан во секторите здравство и социјална заштита за 5,1 отсто, земјоделство, шумарство и рибарство за 4,3 отсто, уметничка забава и рекреативни активности за 3,3 отсто и градежништво за 2,6 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП