Македонија ќе мора да увезува работна сила. Како што истакна вицепремиерот Фатмир Битиќи, во моментов државата има потреба од 9629 работници, тие работни места мора да се потполнат бидејќи економијата не може да чека.
„Во моментов има 9629 слободни работни места, 115.000 лица се регистрирани за невработени во агенцијата за вработување, но и покрај тоа местата не се потполнуваат. Увозот на работна сила не е долгорочно решение но економијата не може да чека, овие работни места мора да се потполнат, во спротивно ќе се затворат голем број компании”, изјави Битиќи.

