20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлавниот економист на ЕЦБ очекува брз пад на инфлацијата во ЕУ

Главниот економист на ЕЦБ очекува брз пад на инфлацијата во ЕУ

Европската централна банка (ЕЦБ) очекува брз пад на високата инфлација во еврозоната, изјави нејзиниот главен економист Филип Лејн.

Инфлацијата веќе се намали во последните месеци. Но, со 8,5 отсто, таа сè уште е далеку над среднорочната цел на ЕЦБ за инфлација од два отсто.

„Во моментов веројатно сме „во најинтензивна фаза на инфлација“. Цените на храната се уште се многу високи, а тоа го гледаат луѓето кога одат во супермаркет. Но, ако ги погледнете минатите цени на прехранбените состојки, на пример, ќе видите дека „се случи пресврт“, изјави Лејн за весникот Die Zeit, пренесува Seebiz.

Цените на енергијата веќе паднаа, рече тој, а има помалку тесни грла во синџирот на снабдување што го попречуваа производството во последните години. Има подобрување кое ќе биде постепено во пролет и лето, „но доста силно наесен“.

„За да се осигура дека инфлацијата ќе падне на два отсто, потребни се дополнителни зголемувања на каматните стапки“, рече Филип Лејн, главен економист на ЕЦБ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП