Limak Skopje Luxury Hotel подготвува ново гастрономско изненадување за сите трагачи по нови и автентични вкусови. На 7 и 8 април 2023 година во Limak Skopje Luxury Hotel, ќе се одржи настанот „Аргентинска вечер“ каде посетителите ќе можат да уживаат во традиционалната аргентинска храна, приготвена по автентични рецептури, кои потекнуваат од аргентинската кулинарска традиција.
Посетителите ќе можат да ги вкусат автентичните аргентински специјалитети од менито „Буенос Аирес“, подготвени од искусниот главен готвач на хотелот и од неговиот тим. Ова мени е базирано на специјалитети од телешко месо, што е карактеристично за аргентинската кујна. Имено, Аргентина е најголем потрошувач на црвено месо во светот како резултат на неговата големата застапеност во исхраната на Аргентинците. Аргентинската магија преточена во автентични вкусни рецепти ќе биде збогатена со врвните вина на најголемата македонска винарница „Тиквеш“.



