5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА300 милиони луѓе ќе останат без работа поради вештачката интелигенција

300 милиони луѓе ќе останат без работа поради вештачката интелигенција

Вештачката интелигенција (AI) би можела да „отпушти“ од работа околу 300 милиони луѓе. Ова упатува на признавањето на една од најголемите банки во светот – „Goldman Sachs“, пишува „BBC“.

Аналитичарите на банката испитаа неколку платформи за вештачка интелигенција, вклучувајќи го и „ChatGPT“. Заклучокот е дека овие нови алатки би можеле да предизвикаат „сериозни потреси“ на пазарот на трудот.

Според студијата, околу една четвртина од работните места кои моментално ги имаат луѓето во Европа и САД би можеле да бидат преземени од вештачката интелигенција. Речиси 2/3 од работните места ќе бидат автоматизирани до одреден степен. И додека многу луѓе се очекува да ги загубат своите работни места, се предвидува дека долгорочно користењето на вештачката интелигенција може да го зголеми глобалниот бруто домашен производ за околу 7%.

Во услови на очекуваниот пресврт, владите се исправени пред тешка задача. Тие треба да поттикнат инвестиции во такви технологии поради добрите изгледи, но не треба да го прават тоа на сметка на социјалните тензии.

„Сакаме да бидеме сигурни дека воведувањето на вештачката интелигенција нема да му наштети на вработувањето, туку ќе им ја олесни работата на луѓето наместо да им ја одземе“, рече британската секретарка за иновации, Мишел Донелан.

Во исто време, студијата покажува дека вештачката интелигенција сериозно ќе влијае на многу индустрии. Се проценува дека со негова помош ќе може да се извршуваат околу 44 отсто од активностите во администрацијата и 46 отсто од правните професии. Во другите сектори, неговото влијание би било помало, на пример, само 6% од градежните активности се предмет на автоматизација.

И додека не е сосема сигурно колку луѓе ќе бидат заменети со вештачка интелигенција, јасно е дека нејзиното воведување ќе доведе до помали плати и поголема конкуренција. Во медиумите, на пример, вештачката интелигенција би имала огромно влијание врз собирањето и презентирањето информации, активност што моментално ја спроведуваат новинарите. Слични промени веќе се случија во минатото, со воведувањето на „GPS“, на пример. Одеднаш, вредноста на еден возач на пазарот на трудот паѓа, а со тоа и неговата плата.

Автоматизацијата на занимањата исто така не е нова појава. Иако многу луѓе можеби не обрнуваат толку внимание на тоа, статистиката покажува дека денес околу 60% од работниците имаат работни места кои не постоеле во 1940-та година. Податоците го покажуваат и следниот загрижувачки тренд – во последните 40 години, технолошките воведи го сменија пазарот на труд многу побрзо отколку што може да одговори со отворање нови работни места.

Ако вештачката интелигенција влијае на пазарот на трудот како што досега влијаеја технолошките иновации, сигурно ќе има кратење на работните места. Но, ова е краткорочна прогноза. Тешко е да се предвиди подалечната иднина бидејќи не се знае точно како компаниите и претпријатијата ќе ја воведат технологијата и до каде ќе се развива. Минатото искуство покажа дека автоматизацијата отсекогаш доведувала до отпуштања, но не и до апокалипса на работнотните места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП