29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Европа и треба околу 22 отсто повеќе течен природен гас отколку...

На Европа и треба околу 22 отсто повеќе течен природен гас отколку во 2022 година

Оваа година, според генералниот директор на Тотал Енерџис, Патрик Поујане, Европа ќе мора да увезе до 22 отсто повеќе течен природен гас отколку во 2022 година за да ја компензира загубата на руски гасовод.

„На стариот континент ќе му требаат дополнителни 15 до 25 милиони тони (од 20 милијарди до 34 милијарди кубни метри течен природен гас) оваа година. Тоа би било зголемување од 13 до 22 отсто“, рече тој.

За време на презентацијата на најновите финансиски резултати на францускиот енергетски гигант, Пужане истакна дека се очекува протокот на цефководниот гас од Русија оваа година да се намали на околу 27 милијарди кубни метри, од 60 милијарди кубни метри минатата година во услови на продолжување на војната во Украина.

Неговата проценка е дека веројатно ќе има одредена тензија на пазарот на течен природен гас до средината на годината, имајќи предвид дека европската побарувачка за разладеното гориво се очекува да ја надмине понудата од проценетите 410 милиони тони.

„Очекувањата дека кинеската економија ќе ја зголеми својата економска активност значат дека земјата можеби ќе треба да земе дел или сите 16 милиони тони (22 милијарди кубни метри) што ги загуби од Европа минатата година“, рече Пујане.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП