29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСупер возови од 360 километри на час

Супер возови од 360 километри на час

train

Велика Британија објави детали од планот за изградба на супер брзи возови кои ќе го поврзуваат Лондон и северниот дел на Англија.

Овие возови ќе се движат со брзина од 360 километри на час.

Проектот „High Speed 2“ треба да биде завршен до 2032 година, ќе изнесува 32,7 милијарди фунти, ќе обезбеди 100.000 работни места, а времето на патување ќе биде намалено на половина.

Во последниве 100 години, тоа е прва железничка пруга која се гради северно од  Лондон, а според соопштението на британската влада, ќе претставува благодет за животната средина и за економијата.

Меѓутоа тие што се против изградба на пругата, велат дека таа ќе ги уништи живописните предели.

Првиот дел од пругата ќе биде долг 225 километри и ќе го поврзува Лондон со вториот најголем град во земјата, Бирмингем, а другиот  дел ќе оди до Манчестер и Лидс.

 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП