На Wall Street, берзанските индекси благо паднаа во вторникот, најмногу поради пониските цени во технолошкиот сектор, кој е под продажен притисок по силниот раст во првиот квартал.
Dow Jones загуби 0,12 отсто, на 32.394 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,16 отсто, на 3.971 поен, а индексот Nasdaq загуби 0,45 отсто, на 11.716 поени.
Падот на индексот главно се должи на притисокот врз технолошкиот сектор, кој вчера ослабна втор ден по ред, во просек за 0,5 отсто.
И покрај ова, секторот останува најголем добитник во првиот квартал. Индексот S&P на технолошкиот сектор е зголемен за повеќе од 15 отсто од почетокот на годината.
„Во однос на технолошкиот сектор, тоа е повторување на претходниот ден. Има блага продажба со цел да се повлече профитот од пазарот, што покажува дека ентузијазмот малку згасна“, вели Мајкл Џејмс, директор во Wedbush Securities.
Од друга страна, банкарскиот сектор се стабилизираше откако со недели беше под притисок поради неуспехот на Silicon Valley Bank.
А на европските берзи цените на акциите вчера благо пораснаа. Лондонски FTSE индекс зајакна за 0,17 отсто, на 7484 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,09 отсто, на 15.142 поени, а париски CAC 0,14 отсто, на 7088 поени.