8 мај, 2024
ПочетнаСВЕТЖената која уби деца во Нешвил легално купила седум огнени оружја

Жената која уби деца во Нешвил легално купила седум огнени оружја

Одри Хејл, жената која го изврши нападот во училиштето во американскиот град Нешвил, легално купила седум огнени оружја во последните години.

Хејл го сокрила оружјето во семејната барака пред да го изврши нападот и да убие шест лица, меѓу кои три деца, соопшти полицијата.

Според полицијата, осомничената, 28-годишната Одри Хејл, не ги таргетирала конкретно нејзините жртви за време на нападот во христијанското училиште во кое некогаш учела.

Хејл била под грижа на лекар поради емоционално нарушување, а властите рекле дека таа не била на полицискиот радар пред нападот.

Полицијата соопшти дека не е познат мотивот за нападот.

Началникот на полицијата во Нешвил, Џон Дрејк, изјави за новинарите дека полицијата нема причина да го одземе оружјето на осомничениот. Дрејк вели дека тие би постапиле поинаку доколку полицијата знаела дека осомничениот е опасност.

Во нападот беа убиени деветгодишните ученици Евелин Дијкхаус, Хали Скрагс и Вилијам Кини. Трите возрасни жртви се Синтија Пик (61), Кетрин Кунс (60) и Мајк Хил (61).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП