28 март, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАКовачевски се гледа поинаков од Груевски кога пазари во маркети пред камери(ВИДЕО)

Ковачевски се гледа поинаков од Груевски кога пазари во маркети пред камери(ВИДЕО)

Премиерот Димитар Ковачевски, денес, на третото јавно пазарење избегна да каже колку ги плаќа луѓето што му смислуваат да оди во супермаркети со камери. „Макфакс“ му покажа фотографија од пазарењето на експремиерот Никола Груевски, кој користеше иста маркетинг-стратегија, и уште една од негово пазарење и го праша дали има разлика.

„Гледам голема разлика бидејќи јас доаѓам трет пат во разни маркети. Не треба никаков ПР-експерт за да отидете во маркет. Вие гледате дека јас кога доаѓам во маркет, тогаш купувам тоа што ми е потребно и дополнително со министерот за економија го потврдуваме она што сме го донеле како одлука дали се почитува или не. Втора голема разлика е тоа што ние денес живееме во услови на најголема економска и енергетска криза што Европа ја имала по Втората светска војна. Претходните влади живееја во услови на економски просперитет, а практично ништо не направија за државата“, рече премиерот Ковачевски.

Тој повтори дека оваа Влада ги покачила платите, па од минимална плата од 8.000 денари и просечна од 20 илјади денари, сега имаме минимална плата од 20.175 денари и просечна плата над 34 илјади денари. Ковачевски објасни и зошто супермаркетот го искористи за прес-конференција.
„Ова е начинот каде што може да се информираме точно кои се производите за кои има одлука, дали се почитува одлуката и друг начин не постои на самото место за да се уверите, така што не треба ПР-експерт за да дојдете во маркет во кој сте доаѓале во изминатите 15-20 години да купувате.

Зошто е добро да дојдат и медиумите? Бидејќи јас улогата во ваква криза и улогата во идентификување на она што се случува на пазарот како значајна ја гледам во медиумите. Бидејќи медиумите секако дека имаат исто така големо ниво на информации што ги примаат. Гледате дека имаше едно прашање што вие сте го забележале, меѓутоа и министерот за економија веќе во текот на вчерашниот ден реагирал, во делот на трговијата со јајца, откуп од страна на одредени купувачи од маркети што мора да имаат 70 % од нивото што го имале во јануари и февруари. Тоа е улогата на медиумите и затоа се повикани – да информираат за она што се случува практично на терен, меѓутоа и да ги постават прашањата што ги интересираат граѓаните“, објасни премиерот Ковачевски.

Ковачевски на фејсбук-промоции потроши 26 илјади евра за 100 дена, објави ИРЛ. За него, ова не беше спорно и посочи дека не се плаќа со пари од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП