19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина позајми 240 милијарди долари на земјите од иницијативата „Еден појас, еден...

Кина позајми 240 милијарди долари на земјите од иницијативата „Еден појас, еден пат“

Според студијата објавена во вторникот, Кина инвестирала 240 милијарди долари за спасување на 22 земји во развој меѓу 2008-ма и 2021-ва година, сума што се зголемила во последните години бидејќи повеќе од нив се борат да ги вратат заемите потрошени за изградба на инфраструктурата во рамките на мега проектот на Пекинг – „Еден појас, еден пат“ (Belt & Road).

Речиси 80 отсто од спасувачките заеми биле доделени меѓу 2016-та и 2021-ва година, главно на земји со среден приход, вклучувајќи ги Аргентина, Монголија и Пакистан, се вели во извештајот на истражувачите од Светската банка, „Harvard Kennedy School“, „AidData“ и Институтот за светска економија во Кил, цитиран од „Reuters“.

Кина посвети стотици милијарди долари за изградба на инфраструктура во земјите во развој, но од 2016-та година кредитирањето се намали бидејќи многу проекти не успеаја да ги дадат очекуваните финансиски дивиденди.

„На крајот на денот, Пекинг се обидува да ги спаси сопствените банки. Затоа се впушти во ризичниот бизнис со меѓународно спасувачки заеми“, рече Кармен Рајнхарт, поранешен главен економист во Светската банка и еден од авторите на студијата.

Кредитирањето на Кина на земјите во должнички проблеми порасна од помалку од 5 отсто од странското кредитно портфолио во 2010-та година на 60 отсто во 2022-ра година, исто така покажа студијата.

Најмногу средства добила Аргентина – 111,8 милијарди долари, потоа Пакистан со 48,5 милијарди и Египет со 15,6 милијарди. Девет земји добиле помалку од 1 милијарда долари.

Линиите за размена на Народната банка на Кина (PBC) сочинуваат 170 милијарди долари од спасувачката програма, вклучително и во Суринам, Шри Ланка и Египет. Поддршката на платниот биланс од кинеските државни банки изнесува вкупно 70 милијарди долари.

Студијата критикуваше некои централни банки дека потенцијално ги користат линиите за размена за вештачки да ги надујат бројките на нивните девизни резерви. Кинеските спасувачки заеми се „непроѕирни и некоординирани“, предупредува Бред Паркс, уште еден од авторите на извештајот и директор на „AidData“, истражувачка лабораторија на Колеџот „Вилијам и Мери“ во САД.

Спасувачките заеми главно се концентрирани во земјите со среден приход, кои сочинуваат 4/5 од заемите на Пекинг, поради ризикот што тие го претставуваат за билансите на кинеските банки. Во исто време, на земјите со ниски приходи им се нудат грејс периоди и продолжување на рочноста, се истакнува во извештајот.

Кина е во преговори за реструктуирање на долгот со земји како Замбија, Гана и Шри Ланка и беше критикувана за одложување на тие процеси. Како одговор, земјата ги повикува Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд да понудат и некои опции за олеснување на долгот на заглавените земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП