25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата над 76 долари поради ирачки Курдистан

Цената на нафтата над 76 долари поради ирачки Курдистан

Прекинот на извозот од ирачки Курдистан ја зголеми цената на нафтата на светските берзи.

На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше повисока за 1,18 долари во однос на затворањето на тргувањето на крајот на минатата недела и изнесуваше 76,17 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше за 1,28 долари поскапо, по 70,54 долари.

Инвеститорите беа смирени со интервенциите на регулаторите во САД и Швајцарија за да се спречи банкарска криза што тешко ќе ја погоди економијата и побарувачката на нафта.

Credit Suisse беше преземен со посредство на регулаторот од страна на поголемиот домашен ривал UBS, а First Citizens Banc рече дека ќе ги преземе депозитите и заемите на пропаднатата Silicon Valley Bank.

На почетокот на неделата, цената на нафтата беше поткрепена со веста за саботниот прекин на извозот на нафта од ирачкиот дел на Курдистан, откако Багдад го доби правото да одобри испораки преку Турција во арбитражна постапка.

Ирачки Курдистан испраќа просечно 450.000 барели дневно на пазарот, што одговара на приближно половина процент од глобалната понуда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП