24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМега штрајк ја парализираше Германија

Мега штрајк ја парализираше Германија

Во Германија, на полноќ започна таканаречениот мега штрајк. Речиси целиот јавен превоз е парализиран и треба да трае до полноќ.

Речиси целиот јавен превоз е главно во застој поради предупредувачкиот штрајк на синдикатите Верди и ЕВГ. Зафатени се меѓуградскиот и регионалниот железнички превоз, како и локалниот јавен превоз во неколку германски сојузни покраини и речиси сите аеродроми, пренесува магазинот Феникс.

Целодневниот штрајк започна на полноќ во ноќта на 26 и 27 март, а завршува на полноќ, соопштија двата синдикати. Германскиот синдикат на јавниот сектор Верди и синдикатот за железници и транспорт ЕВГ спроведуваат мега штрајк во кој учествуваат 120.000 вработени низ целата земја преку Верди и уште 230.000 вработени заштитени од синдикатот ЕВГ.

Јавниот превоз е главно запрен, некои автопати се затворени. Германската железница (Дојче Бан) го запре целиот меѓуградски сообраќај.

– Речиси нема да има железнички сообраќај, вели директорот за човечки ресурси на Германските железници Мартин Зајлер. Последиците допрва ќе се чувствуваат во вторник.

– Патниците кои резервирале патување со воз за понеделник или вторник, сепак можат да го користат тој билет на 4 април, соопштија од Германски железници.

Во седум германски сојузни покраини, речиси ништо не треба да функционира во локалниот транспорт: во Хесен, Баден-Виртемберг, Рајнска област-Пфалц, Баварија, Саксонија, Долна Саксонија и Северна Рајна-Вестфалија.

Германските аеродроми се во масовен штрајк. Според податоците на аеродромското здружение АДВ, околу 380.000 деловни и приватни патници не можат да полетаат, а запрен е и патничкиот сообраќај на најголемиот аеродром во Франкфурт. На аеродромот во Минхен во неделата немаше редовни летови.

Последиците од предупредувачкиот штрајк ќе се почувствуваат на повеќе места во вторник. Во сообраќајот на долги релации на Германските железници, на пример, ќе биде потребно извесно време пред да се вратат во функција возовите ICE и IC.

Германските железници соопштија дека укинување на возовите се уште може да се очекува во вторник, особено во текот на денот.

Експертите не очекуваат националниот штрајк да предизвика голема економска штета.

Од гледна точка на синдикатот, работодавачите покажуваат премал напредок во неколку круга на колективно договарање. Со голем штрајк в понеделник работодавачите сакаат да ја покажат својата сила за третата рунда преговори за јавниот превоз. За 2,5 милиони федерални и локални вработени, Верди и Здружението на државни службеници бараат 10,5 отсто повеќе приходи, но најмалку 500 евра месечно. Во меѓувреме, ЕВГ се бори со неколку компании за повеќе пари, особено за Дојче Бан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП