29 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПаника на европските пазари, акциите на Дојче банк паднаа за 12 отсто

Паника на европските пазари, акциите на Дојче банк паднаа за 12 отсто

„Нема потреба да се грижите за ништо во Дојче банк“, тврди германскиот канцелар Олаф Шолц.

Акциите на Дојче банк паднаа за повеќе од 12 отсто по новиот бран на нервоза на пазарот што го погоди европскиот банкарски сектор, пренесува Блумберг.

Пад на вредноста на акциите забележаа и останатите банки кои се изложени на висок ризик од кредити на претпријатијата. Комерцбанк падна за девет отсто, а француската Сосиете Женерал за седум отсто.

Дојче банк одеднаш стана фокус на банкарските превирања во Европа поради загриженоста за падот на индустриското производство, што доведе до најголем пад на акциите на банката во последните три години. Зголемени се и трошоците за осигурување од неплаќање на достасаните обврски.

Загриженоста за влез на земјите од Европската унија во рецесија влијае на перформансите на најголемите банки.

Дојче банк, која закрепнуваше во последните три години, стана најголемиот губитник меѓу големите европски банки во петокот, откако објави план за откуп на долгот, кој обично се гледа како знак на сила.

Настаните на пазарот и падот на акциите на најважната германска банка го наведоа канцеларот Олаф Шолц јавно да ги поддржи банкарите и да ја увери јавноста дека банкарскиот систем е силен и ликвиден.

„Дојче банка фундаментално го модернизира и реорганизираше својот деловен модел и е многу профитабилна банка“, рече Шолц на прес-конференција во петокот во Брисел на прашањето за ситуацијата во банкарскиот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП