25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурците се против странци да купуваат имоти, инсистираат на забрана

Турците се против странци да купуваат имоти, инсистираат на забрана

Повеќето турски граѓани ја поддржуваат забраната за продажба на домови на странци, позиција што одекнува на бес поради приливот на такви купувачи во земјите од Канада до Португалија, пишува „Bloomberg“.

Околу 79 отсто од Турците веруваат дека треба да се забрани продажбата на домови на странски државјани, покажува анкетата на „Metropoll“. Ставот нашироко го делат гласачите од сите партии од целиот политички спектар, при што повеќе од 77 отсто од оние кои гласаа за владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) во 2018-та година ја изразија својата поддршка за таквиот потег.

Загриженоста расте на некои од најжешките пазари за домување во светот, каде што странската побарувачка ги зголемува цените и им отежнува локалните жители да си дозволат купување на имоти. Во 2022-ра година, Канада им забрани на повеќето странци да купуваат домови на две години, а Португалија е под притисок на јавноста да откаже некои стимулации.

Нов Зеланд им забрани на странците да купуваат постоечки домови во 2017-та година. Слични мерки претходно не помогнаа малку да ги зауздаат ​​цените во места како Хонг Конг и Австралија.

Проблемот може да добие и политички димензии во Турција нешто повеќе од еден месец пред изборите на кои претседателот Реџеп Ердоган ќе се бори за трет мандат. Претходно во март, владејачката партија на Ердоган, АКП и нејзиниот сојузник во парламентот го отфрлија предлогот на една од главните опозициски групи да ги разгледа импликациите од продажбата на имот на странци.

Купувањето имот од странци беше извор на многу потребната цврста валута за неколку последователни влади на АКП во време кога странските директни инвестиции и инвестициите во акции и обврзници се намалија во последниве години.

Нето продажбата на имот на странски државјани достигна 6,3 милијарди долари во минатата година и сочинува 78 отсто од сите странски директни инвестиции, според истражувањето на турската фондација за анализа на економската политика.

Гневот меѓу Турците веќе беше искористен од најголемите критичари на Ердоган.

Кемал Калчдароглу, претседателски кандидат на здружената опозиција на изборите на 14-ти мај, во февруари вети дека ќе ја прекине ваквата продажба на странци на пет години или „додека цените не паднат“.

Тој став го делеше и клучниот предизборен сојузник на Калчдароглу, лидерката на десниот центар на „Добра партија“ Мерал Акшенер, која ја повика владата да воведе забрана, почнувајќи од јужните провинции уништени од земјотресите на 6-ти февруари.

Околу 4,5% од сите продажби на домови во 2022-ра година беа на странци, иако процентот достигна 27% во големите градови како Анталија, Мерсин и Истанбул. Русите беа на врвот на странските купувачи во минатата година, купувајќи околу четвртина од сите домови продадени на странци.

Цените на домовите прилагодени на инфлацијата се зголемија за 95% во јануари во однос на претходната година, според пресметките на „Bloomberg“ врз основа на официјалните податоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП