25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАКО НИСКИОТ ПРИТИСОК ДОСТИГНЕ 100, РЕАГИРАЈТЕ ВЕДНАШ: Шведски кардиолог открива 4 чекори...

АКО НИСКИОТ ПРИТИСОК ДОСТИГНЕ 100, РЕАГИРАЈТЕ ВЕДНАШ: Шведски кардиолог открива 4 чекори за да го намалите БЕЗ ЛЕКОВИ

Високиот крвен притисок е многу опасен за целокупното здравје на организмот, бидејќи предизвикува здравствени проблеми кои можат да бидат опасни по живот.

Бидејќи сè почнува од високиот крвен притисок, шведскиот кардиолог Матс Халдин открил четири начини како да го намалите без лекови, додека се уште не е доцна. Проблемите до кои најчесто доведува хипертензијата се мозочен удар, срцев удар, срцева слабост, па дури и деменција.

Кардиологот посочува дека алармантни граници се кога горниот притисок е помеѓу 140 и 160, а долниот е близу 100. Тогаш веќе треба да се преземе акција. Тој објаснува како во оваа фаза притисокот може да се врати во нормала без лекови, доколку сме дисциплинирани и ги следиме следните четири чекори:

Прошетка

Според лекарите, пешачењето по половина час еднаш дневно може да го намали ризикот од развој на хипертензија. Д-р Матс исто така ги советува хипертензивните пациенти почесто да се качуваат по скали.

Доволно часови спиење

Лекарот препорачува најмалку седум часа сон дневно, како и да не го користите телефонот најмалку половина час пред спиење.

Рамнотежа во исхраната

Исхраната треба да биде урамнотежена за да не дебелее, бидејќи вишокот килограми директно влијае на зголемувањето на притисокот. Д-р Халдин има неколку препораки кога станува збор за јадење, но и консумирање алкохол и цигари:

-воведете контрола на големината на порцијата
-откажете се од цигарите и прекумерната употреба на алкохол
-намалете го внесот на сол
-намалете или целосно исфрлете ги месните производи од исхраната
-контролирајте го внесувањето на храна богата со заситени масти
-изберете медитеранска исхрана – јадете јадења направени од маслиново масло, мешунки, риба, зеленчук и овошје

Намалување на стресот

Тој нагласува дека клучно е да се работи на намалување на стресот, особено за одржување на здравјето на крвните садови и срцето.

-Понекогаш треба да го исклучите телефонот, компјутерот и телевизорот за да избегнете непотребни грижи – заклучил докторот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП