6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарската народна банка ја зголеми основната каматна стапка за 0,5 отсто

Швајцарската народна банка ја зголеми основната каматна стапка за 0,5 отсто

Народната банка на Швајцарија денеска ја зголеми основната каматна стапка за 0,5 процентни поени на 1,5 отсто. Како што јави француската новинска агенција АФП, банката објави дека ова е одговор на „повторливите инфлациски притисоци“. Тие не исклучуваат дополнителни зголемувања во наредните месеци.

Не може да се исклучи дека на среден рок ќе бидат неопходни дополнителни зголемувања на основната каматна стапка за да се обезбеди стабилност на цените“, пишуваат од банката.

Инфлацијата во Швајцарија во февруари изнесува 3,4 отсто на годишно ниво, објави швајцарскиот завод за статистика, што е за 0,1 процентен поен повеќе отколку во јануари и 0,6 процентни поени повеќе од декември.

Швајцарската централна банка последен пат ги зголеми каматните стапки минатата година во декември, за 0,5 процентни поени на еден процент. Минатата година тоа беше трето последователно зголемување.

Американската централна банка, исто така, ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 процентни поени во средата на опсег меѓу 4,75 и 5,00 отсто.

Одлуката за евентуална промена на основната каматна стапка денеска ќе ја соопштат и британската и норвешката централна банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП