28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПочина шестгодишно девојче на инфузија во болницата во Битола, било примено со...

Почина шестгодишно девојче на инфузија во болницата во Битола, било примено со температура и повраќање

Шестгодишно девојче вчера почина во Клиничката болница Битола додека примало инфузија. Директорот на болницата, Александар Обедниковски, за „Макфакс“ вели дека девојчето било во нивната болница само неколку часа.

„Девојчето е донесено во болницата во 10 часот вчераутро, а почина во 14 часот. Родителите го донесоа дехидрирано, со покачена температура, повраќање и со оток на очите. Кај нас беше само рехидрирано пред да почине. Телото сега е на обдукција, а за случајот го известив Обвинителството“, рече директорот Обедниковски.

Според кажувањата на родителите, детето претходните два-три дена примало некаква терапија, но директорот Обедниковски вели дека тие како болница имаат пристап само до мерките што ги презеле специјалистите кај нив во болницата, а за сè друго ќе почекаат да заврши истрагата, која е во тек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП