19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку се заработува во Германија: Детален список со 50 занимања и 50...

Колку се заработува во Германија: Детален список со 50 занимања и 50 месечни плати

Германија со години се смета за најсилна економија. Затоа и не не чуди што таму на работа одат најголем број граѓани од балканот. Сега е откриено колкави се просечните плати за работните позиции.

Иако растот на платите е забавен во последните години и во оваа земја, податоците покажуваат дека месечните примања и понатаму се значително повисоки отколку во другите европски земји.

Така, на пример, платата на пекар се движи од 1.500 евра месечно до 4.000 евра, а одредени професии, како менаџерите на хотели, имаат плата од речиси 10.000 евра.

Познато е дека во оваа земја живеат голем број луѓе од поранешна Југославија.

Работите со високи квалификации, но и со повисока плата, како оние во здравството, бараат познавање на јазикот на повисоко ниво.

Ако ја погледнеме листата на најчести работни места на кои се ангажирани работниците од Балканот, месечната плата е далеку поголема од сумата што би можеле да ја заработат за истата работа овде. Платите според „paylab“ се движат од 1.500 евра па нагоре.

Подолу е листа на 50 занимања и плати во Германија:

Негувателка 1.500 – 3.651 евра

Медицински асистент 1.500 – 4.280 евра

Доктор 3.369 – 7.862 евра

Медицинска сестра 1.612 – 4.531 евра

Лаборант, техничар 1.923 – 3.950 евра

Фармацевт 3.050 – 7.028 евра

Стоматолог 3.431 – 7.683 евра

Ветеринар 2.086 – 5.489 евра

Оптичар 1.791 – 4.125 евра

Архитект 2.005 – 6.507 евра

Градежен инженер 2.334 – 7.392 евра

Електро инженер 2.228 – 5.098 евра

Електричар 2.308 – 4.339 евра

Пекар 1.586 – 4.008 евра

Претставник за продажба 1.590 – 6.055 евра

Дилер на автомобили 1.864 – 7.320 евра

Банкарски службеник 2.404 – 5.138 евра

Сметководител 2.018 – 4.636 евра

Канцелариски менаџер 2.598 – 5.436 евра

Економист 2.661 – 5.812 евра

Супервизор на кол-центар 3.085 – 5.564 евра

Менџер на малопродажба 1.585 – 5.833 евра

Референт за продажба 2.137 – 7.595 евра

Возач на автобус 2.117 – 4.146 евра

Таксист 2.005 – 3.963 евра

Контролор 3.182 – 7.648 евра

Кровопокривач 1.665 – 5.597 евра

Автомеханичар 2.019 – 4.223 евра

Автоелектричар 2.228 – 5.097 евра

Автотехничар 2.151 – 5.216 евра

Виљушкар 1.890 – 3.779 евра

Чистач 1.500 – 2.849 евра

Рецепционер 1.803 – 3.456 евра

Дадилка 1.500 – 4.168 евра

Фризер 1.576 – 3.240 евра

Водоводџија 2.317 – 4.524 евра

Ѕидар 1.500 – 5.149 евра

Столар 1.561 – 5.339 евра

Техничар за обработка на дрво 2.230 – 4.465 евра

Уредник 1.993 – 8.822 евра

Новинар 2.036 – 5.157 евра

Менаџер за настани 2.521 – 6.621 евра

Менаџер за комуникации 3.370 – 5.831 евра

Фотограф 1.907 – 4.609 евра

Инструктор по возење 1.916 – 4.548 евра

Графички дизајнер 2.280 – 5.053 евра

Маркетинг асистент 2.520 – 3.910 евра

Менаџер на хотел 2.120 – 9.742 евра

Келнер 1.653 – 3.738 евра

Готвач 2.446 – 6.579 евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП