Се сеќавате ли на цртаниот филм за Кире Бананамен, момчето кое откако ќе изедеше банана се претвораше во супер-херој? Ова не е никаква случајност, бидејќи ова овошје е навистина моќно!
Бананите содржат три вида на шеќери: фруктоза, сахароза и глукоза, но и влакна, а токму оваа комбинација чини чувство ситоста да трае подолго.
Истражувањата покажаа дека само две банани дневно се доволни за 90-минутен тренинг. Сепак, енергијата не е единствената добра страна на ова чудесно овошје.
Депресија

Судејќи според резултатите од недамнешно истражување спроведено помеѓу личности кои страдаат од некаков облик на депресија, бананата може да се користи и како лек. За ова е заслужен протеинот триптофан, кој телото го претвора во серотонин кој е попознат уште и како хормон на среќа и задоволства. Токму затоа, следниот пат кога ќе ве измачува можеби ПМС синдромот, заборавете на пилулите против болки и одлучете се за ова фантастично овошје.
Анемија
Со оглед на фактот дека изобилуваат со железо, бананите влијаат на формирање на хемоглобин во крвта и така помагаат во случај на анемија.
Крвен притисок
Ова јужно овошје е исклучително добро бидејќи содржи многу малку соли, но големо количество на калиум кој е важен за регулирање на крвниот притисок. Ако редовно консумирате банани ќе ги намалите и шансите за добивање на мозочен удар.
Мозок

Токму така, бананите имаат позитивно влијание и врз работата на мозокот, а едно истражување покажа дека учениците кои наутро јадат по една банана имаат подобра концентрација во текот на целиот ден.
Констипација
Бидејќи изобилуваат со влакна, бананите помагаат за побрзо да го пребродите проблемот при констипација, без употреба на лаксативи.
Мамурлук

Имавте бурна ноќ? Без грижи, еден експресен милкшејк од банана ќе ве ослободи од главоболката. Ако додадете и една лажичка багремов мед, ќе го смирите желудникот, но и ќе ги надополните потребите за шеќер.
Утрински мачнини
Бананата ќе ви помогне да ги намалите, па дури и потполно да ги елиминирате ако се одлучите токму да јадете банана за ужинка.
Каснување од комарец
За да го намалите отокот при каснување од комарец или сличен инсект, протријте го местото на убодот со внатрешниот дел од кората.
Нерви

Бананите изобилуваат со витамин Б кој помага да се смири целиот нервен систем. Ако имате стресно работно место одлучете се токму ова овошје да биде ваша ужинка.
Црева
Ова магично овошје поради својот мек состав се користи и како диетална храна против цревни болести.
Ја регулира температурата

Трудниците на Тајланд редовно консумираат банани како на нивните бебиња би им било „доволно ладно“ кога ќе се родат.
Во споредба со јаболките, бананите содржат четири пати повеќе протеини, два пати повеќе јаглени хидрати, три пати повеќе фосфор, пет пати повеќе витамин А и железо.
Можеби сега треба да се промени поговорката и да се каже дека една на ден банана го чува докторот подалеку од вас.