7 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАСнимка од тунелот во Идризово, полицијата со детали како осум осудени спремале...

Снимка од тунелот во Идризово, полицијата со детали како осум осудени спремале бегство(ВИДЕО)

Полицијата објави видео од тунелот и детали за планот за бегство на затворениците осудени на високи казни.

Според информациите од МВР, зад планот стоела група од најмалку 8 затвореници во „Идризово“, осудени на казни од 10 години до доживотен затвор.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски истакна дека тунелот бил во дожина од 40 метри, лоциран до објект кој се користел за одлагање на јаглен во правец на заштитната ограда позади која се наоѓа женското одделение, а во непосредна близина на зградата на затвореното одделение на затворот, на длабочина од околу 1 метар, во дијаметар од околу 80 сантиметри, соодветно обезбеден со попречни греди и тули.

Во тунелот биле пронајдени повеќе пластични корпи на кои се врзани јажиња, а со кои се извлекувала ископаната земја и електричен кабел со сијалица која им служела за осветлување на тунелот.

Министерството во координација со надлежното јавно обвинителство презема дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП