25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропа во март доби рекордни количини на нафта од САД

Европа во март доби рекордни количини на нафта од САД

Испораките на нафта од САД во Европа достигнаа рекордни 2,1 милиони барели дневно во март, според податоците на „Reuters“.

Извозот е поддржан од слабата побарувачка од американските рафинери и пониската цена на американската лесна сурова нафта (WTI) во споредба со Брент на пазарите. Податоците ја зајакнуваат улогата на САД во однос на снабдувањето со енергија за Европа од почетокот на војната во Украина.

Многу американски рафинерии се затворени поради планираните поправки и надградби во првите месеци од годината, соопшти агенцијата исто така. Тоа влијаеше на цената на „WTI“, а во исто време цената на типот Брент беше поддржана од проблемите околу нафтата од норвешкото поле „Јохан Свердруп“, како и недостатокот на руска нафта на европскиот пазар.

На крајот на јануари распонот меѓу двата главни типа нафта на пазарот надмина 7 долари за барел, што поттикна склучување зделки со американските извозници. Очекувањата се дека побарувачката на американскиот тип нафта ќе продолжи, бидејќи разликата во цените останува висока, додаваат аналитичарите од „Kpler“.

Побарувачката во САД, исто така, ќе се зголеми во наредните месеци како што се приближува летото.

Цената на нафтата на светските берзи падна на најниско ниво во последните 15 месеци по загриженоста од превирањата во банкарскиот сектор. Сега, сепак, трговијата се смири и цените повторно пораснаа. Лесната сурова нафта се тргуваше за нешто повеќе од 68 долари за барел, што е раст од 1,3 отсто, а европскиот брент поскапе за 1,2 отсто на речиси 75 долари за барел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП