На ден 21.03.2023 година во просториите на ООУ,,Лазо Ангеловски” –општина Аеродром по повод одбележувањето на 21 Март – Денот на пролетта и екологијата, се организираше Еко модна ревија.

Денешната Еко модна ревија претставува славење на детската креативност и фантазија. Нашата цел како организатори и домаќини на овој настан е да им овозможиме на сите ученици од основните училишта на територијата на општина Аеродром да создадат свои уметнички дела преку кои ќе ја истакнат функцијата на реупотребата на рециклирачките материјали.







