26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Банкарскиот систем на еврозоната отпорен и ликвиден

ЕЦБ: Банкарскиот систем на еврозоната отпорен и ликвиден

Банкарскиот систем на еврозоната е „отпорен благодарение на цврстата финансиска основа“, објави денеска Европската централна банка, еден ден откако швајцарските власти објавија дека швајцарската банка UBS итно ја презела втората по големина банка во земјата, Credit Suisse, која е во тешкотии.

Тој потег, наменет за зајакнување на довербата на инвеститорите, наиде на скептицизам на пазарите, а на почетокот на тргувањето утринава паднаа и европските берзански индекси, како и вредноста на акциите на две швајцарски банки.

„Европскиот банкарски систем е отпорен со солидни нивоа на капитал и ликвидност“, се наведува во заедничката изјава на Европската централна банка со Европскиот механизам за санација на банки (СРБ) и Европската банкарска управа (ЕБА).

Европските берзи денеска се отворија пониско по избрзаното купување на Credit Suisse од страна на UBS, во спасувачка операција која не ги отстрани сомнежите на инвеститорите во исправноста на банкарскиот систем.

Сепак, откако отидоа во минус на отворањето, индексите на европските берзи повторно отидоа во плус, но едвај, така што околу 11 часот по средноевропско време индексот во Париз беше плус 0,14 отсто, во Франкфурт плус 0,04 исто како и во Лондон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП