28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИмате слаба циркулација? Направете купка за нозе која го подобрува протокот на...

Имате слаба циркулација? Направете купка за нозе која го подобрува протокот на крв

Доколку имате слаба циркулација или долго седите или стоите на работа, оваа домашна купка за стапала може да ви помогне. Според истражувањата, есенцијалните масла можат да го подобрат протокот на крв, но и да ја намалат напнатоста и да го подобрат расположението.

Рецепт за купка:

1/2 чаша мелен или свежо рендан ѓумбир
5 до 20 капки есенцијално масло по ваш избор (се препорачуваат лимон, маточина или жалфија)
6 лажици базно масло по избор

Подготовка: Ѓумбирот сипете го во 200 мл врела вода, па додадете го во сад со топла вода или во када. Соединете ги базното и есенцијалното масло, па додадете ги во водата во која ќе ги натопите стапалата. Промешајте сè и уживајте во мирисот и релаксацијата. Ако сакате, можете малку да ги масирате стапалата додека се потопени во купката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП