29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНаједноставниот природен лек за главоболка

Наједноставниот природен лек за главоболка

Ве боли главата? Благодарение на оваа намирница набрзо ќе се чувствувате многу подобро…

Ѓумбирот има повеќекратно благотворно дејство на организмот – го подбрува варењето, го поттикнува апетитот, спречува мачнина, помага при воспаление на грлото…

А, што е со главоболката? Да, и во тој случај има лековито дејство. Најдобро би било да е свеж – во фрижидер може да стои три недели, а во замрзнувач до шест месеци.

За да ја намалите главоболката ве советуваме да направите чај од ѓумбир.

Чај од ѓумбир

Исечете парче ѓумбир (со големина околу 2 сантиметри), додадете го во вода и ставете едно стапче цимет и сето тоа ставете го во сад на оган. Кога ќе зоврие намалете ја температурата и оставете да се вари уште десетина минути. Процедете го чајот, ставете го во шоља и послужете се со природниот лек за мигрена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП