28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШОЛЦ ЗА БАНКАРСКАТА КРИЗА: Нема нова финансиска криза на повидок во Германија...

ШОЛЦ ЗА БАНКАРСКАТА КРИЗА: Нема нова финансиска криза на повидок во Германија и Европа

Канцеларот на Германија Олаф Шолц денеска изјави дека не е на повидок нова финансиска криза во Германија и Европа по банкротот на Silicon Valley Bank и турбуленциите поврзани со работењето на швајцарскиот Credit Suisse.

-Не гледам опасност. Монетарниот систем повеќе не е толку ранлив како пред финансиската криза, изјави канцеларот во интервју за германскиот весник „Ханделсблат“.

Тој изјави дека не очекува никакви последици за германските штедачи.

-Депозитите на германските штедачи се безбедни. Не само поради поголемата отпорност на банкарскиот систем и построгите регулативи, туку и поради нашата економска сила.

Живееме во сосема поинакво време“, рече Шолц, мислејќи на споредбите со финансиската криза од 2008 година.

Законодавците и банкарските регулатори научија лекции од банкротот на Леман, а банкарската регулатива е построга отколку тогаш, рече германскиот канцелар.

-Гледаме дека одговорните во САД, Велика Британија и неодамна во Швајцарија постапија брзо и одлучно, додаде тој.

По банкротот на Silicon Valley Bank минатата недела, имаше турбуленции во финансискиот систем, кои потсетуваат на финансиската криза од 2008 година.

Швајцарската централна банка денеска ја поддржа банката Credit Suisse со 50 милијарди швајцарски франци дополнителна ликвидност за да се ограничи кризата на доверба во банкарскиот сектор, која беше предизвикана од турбуленциите во глобалниот финансиски систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП