20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија ги укинува даночните олеснувања за „непријателските“ земји

Русија ги укинува даночните олеснувања за „непријателските“ земји

Русија ќе се повлече од своите договори за да избегне двојно оданочување со земјите кои и воведуваат санкции поради војната во Украина.

Познати како „непријателски земји“ според терминологијата на Кремљ, овие земји ги вклучуваат членките на Европската унија, земјите од Европската економска област кои ги применуваат истите санкции, повеќето балкански земји, САД, Канада , Австралија, Јапонија и други земји.

Мерката беше предложена како одговор на санкциите кои претходно ги воведе Западот и вклучувањето на Русија во таканаречената „црна листа на ЕУ“.

„Едностраното воведување на рестриктивни мерки е кршење на меѓународното право. Во согласност со ова, Русија има причина да воведе одмазднички мерки… Се предлага да се прекине функционирањето на горенаведените договори додека не се вратат нарушените права на Русија“, објаснуваат од Министерството за финансии.

Министерството потсетува дека едностраните економски ограничувања против Русија се воведени од 2022-ра година. Одделно, Министерството за финансии ја истакнува одлуката на Европската унија да ја вклучи Русија во листата на јурисдикции кои не соработуваат во областа на оданочувањето (црната листа на ЕУ). Се предлага декретот за суспендирање на работата на договорите за избегнување на двојното оданочување да се прошири и да ги опфати сите земји кои пристапиле кон ограничувањата.

Во моментов, соодветните договори се во сила меѓу Русија и 84 земји. Меѓу нив се Австралија, Белгија, Обединетото Кралство, САД, Франција, Јапонија и голем број други земји чии влади одлучија да се приклучат на санкциите против Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП