18 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПодобро да се спречи отколку да се лечи: Правете ги овие работи...

Подобро да се спречи отколку да се лечи: Правете ги овие работи и никогаш нема да бидете болни

Дали некогаш сте се запрашале како има луѓе кои ретко се разболуваат, а вие речиси секој вирус го фаќате на работа или го добивате од дете кое оди во градинка?

Иако имунитетот на секого е различен, бројни студии покажаа дека луѓето кои ретко се разболуваат прават одредени работи што другите луѓе не ги прават.

Спијат доволно

Истражувањата покажаа дека квалитетниот сон е тесно поврзан со нашиот имунитет и отпорност на одредени вируси или бактерии кои ни се закануваат. Како што објаснуваат експертите, спиењето обезбедува клучна поддршка за имунолошкиот систем. Доволно часови квалитетен сон овозможуваат добро избалансирана имунолошка одбрана која се состои од силен вроден и адаптивен имунитет, ефективен одговор на вакцините и помалку сериозни алергиски реакции.

Спротивно на тоа, сериозните проблеми со спиењето, вклучувајќи нарушувања на спиењето, како што се несоница, апнеја при спиење или нарушувања на деноноќниот ритам, може да го попречат здравото функционирање на имунолошкиот систем и да не направат поподложни на многу болести околу нас.

Редовно вежбаат

Редовното вежбање помага да се намали ризикот од развој на срцеви заболувања и ги одржува нашите коски здрави и силни. Иако информациите за тесната врска помеѓу имунитетот и вежбањето сè уште се недоволно истражени, научниците тврдат дека физичката активност помага да се „исплакнат“ бактериите од белите дробови и дишните патишта, што може да ја намали шансата да заболите од настинка, грип или друга болест. Исто така, истражувањата покажаа дека вежбањето предизвикува промени во антителата и белите крвни зрнца кои се борат против болестите.

Тие се хранат здраво

Според Универзитетот Харвард, за време на сезоната на грип или периоди на болест, луѓето често бараат посебна храна или витамински додатоци за кои се верува дека го зајакнуваат имунитетот. Популарни примери се витаминот Ц и храната како што се цитрусно овошје, пилешка супа и чај со мед. Сепак, дизајнот на нашиот имунолошки систем е сложен и под влијание на идеалната рамнотежа на многу фактори, не само на исхраната, а особено не на одредена храна или хранлива материја.

Сепак, студиите навистина покажаа дека урамнотежената исхрана која се состои од низа витамини и минерали, во комбинација со фактори на здрав начин на живот, како што се соодветен сон и вежбање и низок стрес, најефективно го подготвува телото да се бори против инфекции и болести.

Се дружат со други луѓе

Во последно време, научниците посветуваат сè поголемо внимание на истражувањето за поврзаноста на имунитетот и дружењето со другите луѓе. Како што објаснуваат, луѓето кои слободното време го поминуваат во друштво на други, весели луѓе и самите се повесели, но имаат и посилен имунитет, што им помага полесно да се борат против бактериите или вирусите кои им се закануваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП