19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПантелеон ГС понуди 330 милиони денари за купување на зградата на Еуростандард...

Пантелеон ГС понуди 330 милиони денари за купување на зградата на Еуростандард банка

На третата по ред електронска лицитација за продажба на зградата на Еуростандард Банка понудата на компанијата Пантелеон ГС беше избрана за најдобра. Сега останува во следните денови стечајниот управник и собранието на доверители само да го потврдат купопродажниот процес.

Пантелеон ГС со цел да понуди реална цена ангажираше независна интернационална ревизорска куќа РСМ Македонија. Ревизорската процена беше направена во декември 2022 година во присуство на претставник од стечајниот управник, а по стандардизирана методологија за евалуација на недвижен имот, соглано законски усвоена методологија, професионално и непристрасно почитувајќи го кодексот на етика.

Објектот вклучува 1977 м2 канцелариски простор, 1512 м2 под земја наменети за трезор, архива, помошни простории и 20 паркинг места, или вкупна површина од 3489 квадратни метри. Објектот ревизорската куќа РСМ Македонија го процени на 5,3 милиони евра, додека износот кој Пантелеон ГС го понуди изнесува 330 милиони денари.

Објектот не се продава парцијално туку целосно.

При процената е земена во предвид годината на градба на овој објект, и калкулирана е амортизациона стапка од 25% поради напуштеност од употреба и несоодветно тековно одржување во последните две години откако објектот е под стечај.

Пантелеон ГС е брзо растечка македонска аутсорсинг компанија која работи за компании на американскиот пазар. Компанија со амбициозни планови за раст и развој, која во најскоро време сака и да го удвои бројот на вработени кој во моментов брои околу 100-тина талентирани македонци.

-Како респектабилна компанија со објавување на оваа наша намера сакаме да покажеме транспарентност во целиот овој процес, да ги покажеме нашите планови за развој, за нови вработувања од што интерес ќе има и македонската економија, велат од компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП