5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарија го одложува влезот во еврозоната поради страв од банкрот?

Бугарија го одложува влезот во еврозоната поради страв од банкрот?

Бугарското Министерство за финансии соопшти дека земјата се соочува со банкрот и постои ризик за стабилноста на фиксниот курс на бугарскиот лев во однос на еврото. Вршителот на должноста министер за финансии Росица Велкова-Желева во извештајот изјави дека влезот на Бугарија во еврозоната мора да се одложи на неодредено време.

Велкова-Желева посочува дека задолжувањето кај ММФ би помогнало за зачувување на фискалната стабилност, но дека тоа може да наметне сериозни финансиски ограничувања и дека во таа ситуација приходите ќе бидат замрзнати, пренесува Блиц, повикувајќи се на бугарски Новините.

„Проценките направени од Министерството за финансии покажуваат дека доколку се задржат политиките донесени во 2022 година и ги рефлектираат фискалните ефекти од прописите кои стапија на сила, а кои однапред се одредуваат приходите и расходите, ефектот за 2023 година подразбира значително влошување на буџетскиот биланс во јавната администрација во износ од 6,9 отсто од БДП“, рече бугарскиот в.д. министер.

Таа нагласи дека како резултат на мерките што ги донесе Собранието, „за 2023 година има значително зголемување на буџетските расходи, а на среден рок дефицитите повторно се околу шест или седум отсто од БДП“.

Доколку се задржат наведените трендови на негативен дефицит, се зголемува можноста за забрзан пристап кон предвидените горни граници на јавниот долг од 60 отсто од БДП.

„За да се надминат ризиците, Владата треба да вложи максимални напори за усогласување со дигиталните фискални правила и ограничувања од Законот за јавни финансии, односно да предложи трајни мерки за консолидирање на приходите и расходите за да се достигнат целните нивоа на дефицитот за периодот 2023-2026 година“, заклучи Велкова-Желева.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП