19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата паднаа на најниско ниво од декември 2021 година

Цените на нафтата паднаа на најниско ниво од декември 2021 година

Вистинскиот рашомон на нафтените берзи се случи денеска како ехо на распродажбата од берзите.

Така, цената на нафтата потона на најниско ниво од декември 2021 година. Од почетокот на годината цената на нафтата потона за 16 отсто.

На лондонскиот пазар цената на барелот попладне беше пониска за 3,2 долари во однос на вчерашното затворање на тргувањето и изнесуваше 74,25 долари. Вчера го затвори тргувањето со загуба од 3,32 долари.

На американскиот пазар барелот денеска се тргуваше по пониска цена за 2,86 долари, од 68,47 долари. Вчера се затвори тргувањето со загуба од 3,47 долари.

Пазарите вчера беа потресени од проблемите во банкарскиот сектор во САД, нагласени со колапсот на Silicon Valley Banka (SVB) по масовните повлекувања на депозити предизвикани од неуспешниот обид на банката да ги покрие нереализираните загуби од вредноста на портфолиото на државни обврзници.

Берзите денеска ги потресе најавата на саудискиот инвеститор дека повеќе не може да му помогне на швајцарскиот Credit Suisse, кој се најде во неволја по серијата скандали, губејќи ја довербата на многу инвеститори и клиенти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП