4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКијосаки: На Credit Suisse и се заканува колапс

Кијосаки: На Credit Suisse и се заканува колапс

Откако американската Silicon Valley Bank(SVB) прогласи банкрот минатата недела на крајно неочекуван начин, по нејзините стапки би можела да тргне уште една банка.

Станува збор за познатата швајцарска банка Credit Suisse. Така барем тврди финансискиот експерт Роберт Кијосаки од Волстрит.

Јапонскиот експерт е познат во јавноста по тоа што го предвиде колапсот на американската банка Lehman Brothers во 2008 година.

Тој го даде своето последно предвидување само неколку часа пред швајцарската банка да признае дека доживува „финансиски тешкотии“.

Да потсетиме, минатата недела американските регулатори ја затворија Silicon Valley Bank(SVB) и и ги конфискуваа сите депозити, што е најголемиот колапс на банка во САД од финансиската криза во 2008 година.

Говорејќи во емисијата “Cavuto: Coast to Coast” на Fox Business Channel, Кијосаки истакна:

„Актуелните проблеми и неуспехот на пазарот на обврзници укажуваат на можен колапс на Credit Suisse, бидејќи имавме слична ситуација со Lehman Brothers. Регулаторите на Credit Suisse забележаа финансиски проблеми при внатрешната контрола на финансиските извештаи, но сметаат дека новонастанатата ситуација нема да предизвика клиентите да ја напуштат банката “, вели Кијосаки.

Според него, акциите на банката паднаа за 5 отсто во почетокот на тргувањето, откако банката го објави својот годишен финансиски извештај во кој откри загуба од 8 милијарди долари во 2022 година.

Credit Suisse е инаку осмиот најголем инвестициски банкарски систем во светот, а вината за „слабостите“ во извештајот се обвинува „неуспехот да се следи и одржува ефективна промена во проценката на ризикот за да се идентификуваат и анализираат ризиците од материјално значење“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП