Годишната стапка на инфлација во февруари во САД падна на шест отсто, што е најниско од септември 2021 година и е во согласност со прогнозите.
Во јануари инфлацијата изнесуваше 6,4 отсто.
Цените на храната се зголемени со побавно темпо, за 9,5 отсто во однос на 10,1 отсто во претходниот месец.
Исто така, цените на енергенсите пораснаа бавно, 5,2 отсто на годишно ниво во однос на 8,7 отсто претходниот месец, а особено горивото кое на годишно ниво беше поскапо за 9,2 отсто наспроти дури 27,7 отсто еден месец претходно.
Од друга страна, струјата е намалена за 12,9 отсто, за еден процентен поен повеќе од јануари.
Цените на половните автомобили паднаа за 13,6 отсто на годишно ниво.
Базичната инфлација, кога се исклучени цените на енергијата и храната, падна од 5,6 проценти на 5,5 проценти.
На месечно ниво, инфлацијата во февруари бележи пораст од 0,4 отсто.
Федералните резерви на САД официјално таргетираат годишно ниво на инфлација од два проценти.