Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.03/2023 за долгови доспеани до 30.11.2022 и неплатени до 28.02.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На Листата на должници бр.03/2023 објавени се 1.705 должници – правни лица (повеќе за 6 од претходната листа) и 3.338 физички лица (повеќе за 76 од претходната листа).

