25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНиту италијанската ниту француската: Ова е најпопуларната кујна во светот

Ниту италијанската ниту француската: Ова е најпопуларната кујна во светот

Во моментов, најпопуларната кујна во светот не доаѓа од Европа, а веројатно никогаш не сте пробале некое од традиционалните јадења кои доаѓаат од таа земја. Истражувањата покажаа дека најдобрата храна доаѓа од далечната Кореја.

Компанијата “The Bucket List Company” се занимава со авантуристички патувања, а нивното последно истражување имаше за цел да открие која е моментално најпопуларната кујна во светот. Верувале или не, не е ниту италијанска, ниту француска, ниту кинеска, ниту е индиска.

Компанијата „Bucket List Company“ создаде листа на популарни јадења врз основа на гласовите и интеракцијата на публиката на платформите на социјалните медиуми како што се TikTok, Instagram и Reddit.

Списокот содржи неколку омилени, има секако и италијанска, со пици и тестенини. Има и мексиканска, со зачини и забавни презентации. Исто така, многу популарната фина француска кујна, со сирења, специјалитети од месо и фини сосови.

Во моментов, најпопуларната кујна во светот е корејската. Еден од специјалитетите што се издвојува е „кимчи“, а тука е и зачинетиот „гочујанг“. Корејската кујна е одговорна за неверојатно разновиден и многу вкусен избор на јадења.

„Bucket List Company“ ги издвои десетте најдобри светски кујни. Станува збор за корејска, италијанска, мексиканска, јапонска, индиска, кинеска, тајландска, виетнамска, филипинска и турска кујна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП