19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБајден најави казни за одговорните за колапсот на SVB, посилен надзор на...

Бајден најави казни за одговорните за колапсот на SVB, посилен надзор на поголемите банки

Американскиот претседател Џозеф Бајден најави дека ќе одговараат оние кои доведоа до колапс на Silicon Valley Bank (SVB), а најави построг надзор и регулирање на работата на поголемите банки.

Бајден денеска ќе објави како американската администрација ќе се справи со банкарската криза, најлошата во САД од 2008 година, која ги принуди регулаторите да воведат серија итни мерки бидејќи колапсот на SVB и Signature Bank создаде ризици од поширока, системска криза, пренесува Ројтерс.

Американскиот претседател во неделата објави дека Министерството за финансии и директорот на Националниот економски совет работат напорно со банкарските регулатори за решавање на SVB и Signature Bank, додавајќи дека резолуцијата „не ги става во опасност доларите на даночните обврзници“.

„Американскиот народ и американските бизниси можат да имаат доверба дека нивните депозити ќе бидат на место кога ќе им бидат потребни“, рече Бајден.

Тој исто така изјави дека е „цврсто решен да ги држи на целосна одговорност оние што доведоа до оваа конфузија“ и дека ќе продолжи со напорите „да ја зајакне супервизијата и регулацијата на големите банки за да не дојдеме повторно до оваа ситуација. “

Управата за финансиска заштита на Калифорнија во петокот ја затвори SVB, 16-та најголема американска банка. Silicon Valley Bank (SVB) е најголемата банка која пропадна по колапсот на онаа од финансиската криза во 2008 година.

Вчера американските власти одлучија да им овозможат на штедачите пристап до сите нивни депозити од 13 март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП