6 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАБугарскиот професор Иванов го поддржа Пендаровски за Евреите

Бугарскиот професор Иванов го поддржа Пендаровски за Евреите

Михаил Иванов – бугарски професор и поранешен советник на бугарскиот претседател Жељу Желев, го поддржа македонскиот претседател Стево Пендаровски кој вчера побара извинување за улогата на Софија во депортацијата на македонските Евреи.

Иванов на социјалните мрежи го цитираше Пендаровски, по што додаде дека се приклучува кон повикот.

„Правда значи да се препознае и именува вистината, а таа да биде почитувана од сите. За да има помирување, мора да има извинување за улогата на тогашната профашистичка влада во Софија во депортацијата на македонските Евреи“, порача претходно Пендаровски.

Во друг статус на социјалните мрежи Иванов вели и дека го боли кога го слуша Горан Садикарио – директорот на Музејот на холокаустот во Скопје.

„Тој е апсолутно во право. Зошто не ги слушам демократските политички партии за срамната позиција во која генералот Радев и неговиот круг ја ставија Бугарија?“, додаде Иванов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП