Иранскиот извоз на нафта достигна највисоко ниво во последните четири години, и покрај американските санкции, изјави денеска иранскиот министер за нафтена индустрија Џавад Овји.
Овји рече дека Иран извезол 190 милиони барели нафта повеќе од март минатата година до сега. споредено со март 2021 година до март 2022 година, според иранската новинска агенција Тасним, објави Ројтерс.