25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГодишната инфлација во ЕУ достигна историски рекорд (ИНФОГРАФИК)

Годишната инфлација во ЕУ достигна историски рекорд (ИНФОГРАФИК)

Годишната инфлација во ЕУ во 2022-ра година достигна историско рекордно ниво од 9,2%, објави Евростат. Тоа значи дека показателот порасна повеќе од три пати во однос на 2021-ва година, кога неговото ниво беше 2,9%.

Во просек цените на становите, водата, струјата, гасот и другите горива поскапеа за 18,0%, што претставува најголемо забрзување. Следуваше транспортот со просечен пораст од 12,1%.

Храната и безалкохолните пијалоци пораснаа во просек за 11,9%.

Помеѓу 2,0% и 8,1% е растот кај преостанатите главни групи потрошувачи, со исклучок на секторот комуникации, во кој има минимално намалување на цените за 0,1 процент.

Просечната годишна промена на Хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP) во Европската Унија за периодот 2013 – 2022 година изнесува 2,1%.

Споредувајќи ја стапката на раст на потрошувачките цени во ЕУ во тој период и соодветната стапка на цените во некои од најголемите светски економии, податоците покажуваат дека инфлацијата во Јапонија била пониска, додека инфлацијата во САД и Кина била повисока од европската, освен последните неколку години.

Во споредба со 2013-та година, во 2022-ра година потрошувачките цени се зголемија со просечна годишна стапка од 0,8 отсто во Јапонија, 2,3 отсто во САД и 1,9 отсто во Кина. Во однос на 2021-ва година, во 2022-ра година инфлацијата се зголемила за 8,7 отсто во САД, за 2,5 отсто во Јапонија и за 2 отсто во Кина, покажуваат податоците на Евростат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП