2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе намалуваат цените на тестенините и млечните производи

Се намалуваат цените на тестенините и млечните производи

За 15 проценти се намалува цената на тестенините, а за 10 цената на млечните производи, објави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Владата.

„Се замрзнува односно намалува цената на тестенините за 15 проценти на цената која се применува во трговијата на 1 март, односно во просек за околу 8 до 9 денари. Се работи за макарони и шпагети“, рече Ковачевски.

За овие продукти се укинуваат и царинските давачки за увоз за период од 13 март до 31 мај.

Млечните производи се намалуваат од 17 март, а како што објави премиерот, тука станува збор за трајното кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и3,5 проценти, урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кравји кашкавал со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан, кисело млеко, павлка и јогурт без додатоци.

Највисоките цени се намалуваат за 10 проценти, а ова одлука ќе важи до 31 мај.

Министерот за економија, Крешник Бектеши изјави дека за замрзнувањето на цените на шекерот, јајцата и оризот ќе се донесе дополнителна одлука.

Рече дека во делот на макароните направиле детална анализа, бидејќи немаме домашно производство на макарони и сите се увезуваат.

„Со постоечките царински давачки цената е околу 49,3 денари, но со замрзнувањето цената би изнесувала 41.8 денари за нив. Очекуваме и дополнително намалување поради маржите“, рече Бекреши.

Додаде дека ако нема намалувања ќе следат и нови мерки.

Ова не е закана, рече Бектеши и повика на солидарност од сите сопанственици за кризата да не биде на грбот на граѓаните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП