26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ја намалува потрошувачката на енергија за 11,7 отсто до 2030 година

ЕУ ја намалува потрошувачката на енергија за 11,7 отсто до 2030 година

Европскиот совет соопшти дека Претседателството на Европскиот совет и преговарачите на Европскиот парламент постигнале прелиминарен договор за намалување на потрошувачката на енергија за 11,7 отсто до 2030 година на ниво на ЕУ.

Горната граница за финална потрошувачка во ЕУ ќе биде 763 милиони тони еквивалент на нафта, а горната граница за примарна потрошувачка ќе биде 993 милиони тони нафтен еквивалент, се наведува во соопштението, пренесува Ројтерс.

Границата за финална потрошувачка ќе биде обврзувачка за земјите членки на ЕУ, додека границата за примарна потрошувачка ќе биде индикативна, додаваат од Советот на Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП