Борбите за Бахмут стануваат се посериозни. Додека украинците укажуваат на неговата тактичка важност, шефот на Вагнер тврди дека неговата платеничка чета го зазеде источниот дел од градот. Битката покрена многу прашања, како на пример дали русите ќе го заземат градот и потоа ќе продолжат во Донбас, или битката ќе ја истакне слабоста на руската армија?
И покрај шпекулациите дека украинската армија би можела да се повлече, наредено е токму спротивното – повикано е засилување додека украинските сили се борат да го одбранат Бахмут, кој Русите го напаѓаат од сите правци освен од запад.
Според соопштението на украинскиот Генералштаб, руската армија извршила повеќе од 30 неуспешни напади во текот на претходниот ден само кај Орихово-Василивка, 20 километри северозападно од Бахмут.
Исто така, се наведува дека биле гранатирани десет населени места во околината на тој украински град. „И покрај значителните загуби, непријателот продолжува да го напаѓа Бахмут“, се додава во соопштението на украинските воени претставници.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето последно интервју ја истакна важноста на Бахмут за одбраната на остатокот од територијата во Доњецкиот басен.
„Бахмут е тактички важен за нас. По Бахмут, за русите ќе биде отворен патот до другите градови во Украина во правец на Доњецк на истокот на Украина“, рече Зеленски во интервју за американскиот CNN.
Од друга страна, шефот на Вагнер груп, платеничка приватна компанија чии членови се претежно на руска страна во битката кај Бахмут, утринава објави дека источниот дел на градот е под контрола на Вагнер.
„Единиците на Вагнер го окупираа источниот дел на Бахмутка. Сè источно од реката Бахмутка е под контрола на Вагнер“, рече Пригожин во аудио порака објавена на социјалната мрежа Телеграм.
„Повеќе симболична отколку тактичка вредност“
Западните функционери, за разлика од украинските и руските, не толку ја нагласуваат тактичката важност на Бахмут, но сметаат дека овој град пред се има симболична вредност.
Според она што го кажува западното разузнавање, тоа само по себе не е премногу важно, туку треба да го запре руското напредување. Самиот град има симболично значење поради сите војници кои паднаа таму. Русија не започна никаква офанзива во последните неколку месеци, така што за нив, секое освојување би значело некаква пропагандна добивка.
Невозможно е да се знае до кој степен тој град всушност е пред пад, но се знае дека русите ги окупирале предградијата и сега влегуваат во урбаната зона, а иако од самиот град нема останато уште многу.
Претходниот ден Пригожин објави дека меѓу 12.000 и 20.000 украински војници го бранат Бахмут, додека украинската вицепремиерка Ирина Верешчук рече дека во градот останале помалку од 4.000 цивили.
Западните власти проценуваат дека, досега, меѓу 20.000 и 30.000 руски војници загинале за време на нападот на Бахмут, а украинските загуби се „значително помали“, иако нема конкретни бројки во овој случај.
И покрај фактот што Пригожин неодамна испрати порака директно до Зеленски да ги повлече украинските сили, украинскиот претседател одлучи токму спротивното.
По средбата со највисоките воени претставници, Зеленски објави дека „едногласно е одлучено да се продолжи одбраната на Бахмут, бидејќи секој дел од украинската територија е подеднакво важен“.
„Воената команда едногласно ја поддржа одлуката да не се повлече. Немаше други мислења освен тоа. Му реков на врховниот командант да најде соодветни сили за да им помогне на нашите момци во Бахмут“, рече Зеленски по состанокот, пренесе Ројтерс.
„Пригожин врши притисок врз Москва“
Апелот на Пригожин до Зеленски да ги повлече украинските сили имал контраефект, па тоа всушност претставувало мотивација на украинскиот претседател да ја продолжи борбата.
По ова следеше предупредувањето на Пригожин дека на Вагнер му недостига муниција за понатамошно напредување, но ова беше првенствено упатено до руското воено раководство. Има големи тензии меѓу Вагнер и руската армија, па пораката до Зеленски може да се протолкува како секундарна порака дека Вагнер прави нешто, а руското воено раководство ништо.
Шефот на Вагнер веќе неколку месеци е во конфликт со воени претставници од Кремљ, а неодамна изјави дека „се прашува дали тоа што Министерството за одбрана не му испраќа муниција всушност е прашање на бирократија или предавство“.
Пригожин со овие јавни настапи се обидува да изврши притисок врз Москва за да ги добие потребните ресурси и оружје.
„Њујорк тајмс објави украинска анализа во која се тврди дека силите на Вагнер се при крај во смисла дека немаат повеќе мажи, а има и извештаи дека на осудените им се нуди прошка ако одат да се борат за Вагнер.
Според рускиот закон, приватните платенички компании се забранети и дека на Пригожин во моментов му е дозволено да го прекрши тој закон затоа што тоа е во интерес на Русија, но дека може да се случи и да се активира законот, па Вагнер групата “ едноставно да се исклучи“.
Нема преговори на повидок
Со оглед на ситуацијата на терен, нема наскоро да може да се седне на преговарачка маса за да се разговара за можно примирје, па дури и за завршување на војната.
Ниту една страна не е подготвена за компромиси. Ниту Украина сака да отстапи територија, ниту Русија да ги запре своите напади и да ги деанектира украинските области..
Преговорите би можеле да се случат во случај „западните демократии да почнат да го губат апетитот да ја поддржат Украина“, иако наведува во моментов нема индиции ниту за тоа.
Со новите испораки на оружје, Украинците веројатно ќе се обидат со нова офанзива на крајот на пролетта. Тоа се тенкови и друго тешко оружје што допрва треба да пристигне во Украина.