27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРаботна акција - Респект кон луѓето и околината

Работна акција – Респект кон луѓето и околината

gd

“Респект кон луѓето и околината“ е мотото под кое вработените на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, четврта година по ред самоиницијативно организираат работна акција – чистење на околината на пределот од Средно Водно до врвот на Водно и Милениумскиот Крст.

Ваквата работна акција произлегува од една од основните вредности на Друштвото ориентирана кон почит кон луѓето и околината. Акциите во 2010, 2011 и 2012 година беа успешни – беа собрани вкупно 53 вреќи со смет (пластични шишиња, кеси, лименки). Минатата година на работната акција се приклучија и совесни граѓани кои рекреативно дојдоа на средно Водно.
Оваа година работната акција ќе започне во сабота 28.09.2013 година со почеток во 10:30 часот, од паркингот на средно Водно, каде што учесниците ќе се поделат во неколку групи и ќе се упатат по различни патеки со цел да се собере сметот.

kd

Ова е одличен мотив и за останатите компании, кои покрај тоа што ќе спортуваат и ќе се рекреираат, тие ќе направат и корисна работа за општеството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП