29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПо три децении прва годишна загуба за „Adidas“

По три децении прва годишна загуба за „Adidas“

„Adidas“ објави огромни загуби во четвртиот квартал и ја намали дивидендата по скапото раскинување на партнерството со брендот „Yeezy“ на Канје Вест во октомври.

Германскиот гигант за спортска облека забележа оперативна загуба во четвртиот квартал од 724 милиони евра и нето загуба од континуираното работење од 482 милиони евра, пренесува „CNBC“. На годишното собрание на 11-ти мај, компанијата ќе препорача дивиденда од 70 евроценти по акција, значително помалку од 3,30 евра по акција за 2021-ва година.

Валутно неутралните приходи се намалија за 1 отсто во четвртиот квартал како резултат на раскинувањето на партнерството на компанијата со „Yeezy“ и ќе се намалат со висока едноцифрена стапка во 2023-та година, соопшти компанијата, цитирана од медиумите.

„Adidas“ предвидува оперативна загуба од 700 милиони евра за цела година за 2023-та година, што ќе биде негова прва по 31 година. Проценката вклучува удар од 500 милиони евра во потенцијалното отпишување на залихите на „Yeezy“ и 200 милиони евра за „еднократни трошоци“.

Компанијата го прекина своето високо профитабилно партнерство со раперот и моден дизајнер Канје Вест, кој исто така е заштитно лице на „Yeezy“, во октомври, откако тој даде серија антисемитски коментари. Компанијата претходно објави дека ако не успее да ги пренесе огромните заостанати непродадени чевли од брендот на раперот, ќе има сериозен удар по приходите, потсетува „CNBC“, додавајќи:

„Компанијата „Adidas“ објаснува дека нејзиниот основен оперативен профит ќе биде околу рентабилноста, што ја одразува загубата од 1,2 милијарди евра во потенцијална продажба од непродадените залихи на „Yeezy““.

Новиот извршен директор на германската марка Бјорн Гилден, кој ја презеде функцијата од Каспер Рорштет на почетокот на годината, за возврат посочи дека 2023-та година ќе биде „преодна година“ бидејќи компанијата се обидува да ги намали загубите, како и да ги намали залихите, за да се врати на нагорен тренд во 2024-та година.

„Ги имаме сите состојки за да бидеме успешни, но треба да го вратиме фокусот на нашите основни работи – производот, потрошувачите, партнерите за малопродажба и спортистите“, вели Гулден.

„Мотивирани луѓе и силна култура на „Adidas“ се најважните фактори за обнова на уникатен бизнис модел“, додава тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП