23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропската економија лани порасна за 3,5 отсто

Европската економија лани порасна за 3,5 отсто

Бруто домашниот производ (БДП) во 2022 година пораснал за 3,5 отсто и во еврозоната и во Европската унија, според проценката објавена во средата.

Растот забави откако економијата на еврозоната порасна за 5,3 отсто, а економијата на ЕУ порасна за 5,4 отсто во 2021 година, покажуваат податоците на Евростат.

Во четвртиот квартал од минатата година економијата на еврозоната стагнираше во однос на претходниот тримесечен период, додека претходните две проценки беа за раст од по 0,1 отсто.

Во меѓувреме, економијата на ЕУ се намали за 0,1 отсто во периодот октомври-декември минатата година. Во третиот квартал од 2022 година, БДП порасна за 0,4 отсто и во еврозоната и во ЕУ.

На годишна основа, БДП порасна за 1,8 отсто во еврозоната и 1,7 отсто во ЕУ во четвртиот квартал од минатата година.

Грција забележа најголем раст во однос на претходниот квартал со 1,4 отсто, додека полската економија најмногу се намали за 2,4 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП